Блокадите ќе останат се додека не се најде решение, порача Ленин Јовановски

од Nikola Popovski
309 прегледи

Приватните превозници мораа на ваков начин да го изразат револтот и да го свртат вниманието кон себе. Тука сум да ги пренесам нивните статови и да демантирам одредени изјави во јавноста кои што не се онакви какви што некои ги пласира, изјави денеска директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на прес-конференција за протестите на приватниците и паркираните автобуси на неколку критички сообраќајни точки во градот.

Според него, „ова не е приватна бавча на градоначалничката, па да си ја работи како што сака“.

-Скопје не е приватно царство. Системски се наруши јавниот интерес. Градоначалничката најави дека неделава ќе биде објавен оглас и ви гарантирам дека тоа нема да се случи и тоа е лага. Такво нешто е невозможно да се спроведе. Резултатот од вакво работење не е својствено за одговорна функција. Она што се провоцира дека се штитат интереси, дека ова има политичка позадина и се спомнува моето име, сакам да повторам дека Ленин Јовановски и „Слобода превоз“ со ваквиот начин на однесување се најмалку загрозени. Загрозени се приватните превозници. Ние ги браниме нивните интереси, рече Јовановски.

Тој најави дека блокадите ќе останат постојани се додека не се најде соодветно законско решение.

-Најавија дека ќе има можеби одредено проширување. Има доволно автобуси, околу 200 се поставени, кој што имаат намера да го свртат вниманието кон себе. Не можат граѓаните да ги критикуваат приватните превозници. Треба да се критикува изворот на проблемот- градоначалничката. Треба да се посочат виновниците каде што се. Очекуваме поддршка од граѓаните, порача директорот на „Слобода превоз“.

Слични содржини