Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ ќе остане затворен и понатаму за полетувања и слетувања, откако на еден авион од египетска компанија му пукна гума и остана на пистата.

Според дирекоторт на аеродромот, преземени се сите мерки за вонредна состојба, а сите авиони кои треба да долетаат на белградскиот аеродром, пренасочени се кон други аеродроми, како тој во Ниш, до исполнување на капацитетот, а потоа во темишвар и Будимпешта.
Причината за пукнатата гума е несоодветното слетување на египетскиот авион кој цела тежина ја префрлил на десната страна, за потоа исправајќи го авионот, пилото да кочи, што довело до пукање на гумите.