Bloomberg откри кои се најдобрите и најлошите земји во светот за странците

од desk3
97 прегледи

 

 

Угледот на САД и Велика Британија како добри места за живот и работа се влошува, пишува Bloomberg. По претседателските избори во САД минатата година и гласањето за брегзит во Велика Британија, двете земји се сметаат за штетни за странците и со помала политичка стабилност, покажува истражувањето меѓу близу 13 000 странци од 166 националности.

Тие посочиле исто дека квалитетот на живот во двете земји се  намалува и според други индикатори, особено по достапноста на грижата за децата и здравствената заштита во САД и на куќите во Велика Британија. Анкетата на Expat Insider се одржува секоја година од InterNations – мрежа од 2,8 милиони странци, базирана во Минхен.

Таа има за цел да го фати мислењата на милиони раководители, квалификувани вработени, студенти и пензионери кои живеат надвор од земјата во која пораснале. Во светот има околу 50 милиони луѓе кои живеат надвор од татковината, покажуваат податоците на компанијата Finaccord. Се очекува нивниот број да достигне 60 милиони во следните пет години. Тие често имаат избор каде сакаат да живеат и нивното мислење е важно за земјите кои сакаат да привлечат талентирани и богати луѓе. Во 2017 година листата е предводена од Бахреин, благодарение на високите оценки кои ги прима од странците како место за работа, создавање на семејство и пријателска однос кон луѓето со различна националност. Земјата значително го надминува своите соседи во Персискиот залив, како Кувајт, Саудиска Арабија и Катар, кои заземаат позиции во последната десетка на испитаните 65 земји.

Грција е најлошата земја  за живот за странците во светот поради економските проблеми.

Австралија влезе во првите десет минатата година, но сега падна до 34-то место со пониски оценки на странците во категориите работни места, кариера, работни часови и баланс работа-личен живот. Една од омилените места од странците за работа е Кина, каде две третини од испитаниците се задоволни од својата кариера. Но земјата се наоѓа дури на 55-то место од 65 испитани земји поради нискиот квалитет на живот. Странците, особено оние со деца, се загрижени од квалитетот и цената на здравствената заштита и образованието.

Друга азиска земја – Тајван, која минатата година ја предводеше листата, сега се наоѓа дури на четвртото место, додека Сингапур е поставена на деветтата позиција. Хонг Конг, кој долги години е конкурент на Сингапур, зазема едвај 39-то место – скок со пет места во однос на минатата година. Велика Британија е поставена на 54-то место – колапс со 21 места во однос на минатогодишното истражување, по гласањето во јуни 2016 година за напуштање на ЕУ. Пред референдумот 77% од странците во Велика Британија имале позитивно мислење за политичката стабилност во земјата. Оваа година само 47% мислат така. Анкетата е спроведена во февруари и март, пред изборите на Островот. Едвај половина од странците сметаат дека Велика Британија има добар однос кон странските државјани. Странците во Велика Британија се загрижени и за економијата на земјата. Слабиот фунта и високата инфлација поставуваат Велика Британија дури на 59-то место во категоријата лични финансии. Речиси две третини од странците имаат негативно мислење за трошоците за живот, а 69% се незадоволни од високите цени на становите. Времето е исто така проблем – 75% од странците велат дека не го сакаат. САД исто така изгубиле од својот сјај по година на политичка нестабилност, вели Малта Зеек, творец и генерален директор на InterNations. Само 36% од странците имаат позитивно мислење за политичката стабилност во Америка спрема 68% во минатогодишното истражување. САД го заземаат  43-то место во вкупната оценка – пад за 17 места во однос на минатата година. Но репутацијата на земјата се влошуваат, уште пред објавувањето на изборните резултати. Во 2014 година САД зазема петтото место на листата. Позитивно е тоа што 69 отсто од странците имаат добро мислење за американската економија. 72% од странските државјани во САД велат дека не можат да си дозволат здравствена помош и земјата е поставена на 50-то место во категоријата здравје и благосостојба. Транспортната инфраструктура е оценета како “многу добра” од едвај 15% од странците. САД се на последно место по достапност на грижата за децата и на 39-то место од 45 земји, во категоријата достапност на образованието. Американците се уште имаат репутација на гостопримливи луѓе, но оваа перцепција се менува. Пред три години 84 отсто од странците ги  оцениле САД позитивно во категоријата пријателски однос кон странските државјани, а само 15% имале негативно мислење.

Топ 10 најдобри земји во светот за странците: 1. Бахреин

2. Коста Рика

3. Мексико

4.Тајван

5. Португалија

6.Нов Зеланд

7. Малта

8. Колумбија

9. Сингапур

10. Шпанија

Топ десет на најлошите земји во светот за странците:

1. Грција

2. Кувајт

3. Нигерија

4. Бразил

5. Саудиска Арабија

6. Италија

7. Украина

8. Катар

9. Индија

10. Турција