Американскиот милијардер Мајкл Блумберг одлучи двојно да ги зголеми парите за расходи за реклами за својата претседателска кампања од Демократската партија.
Тоа го прави со цел да си ги зголеми шансите и да профитира од хаотичниот исход од првичните избори во Ајова што се одржаа во понеделникот.
Два дена по изборите во Ајова, од различни причини, крајниот резултат од трката меѓу кандидатите за демократски претседател се уште е нејасен.
– По повеќе од една година од реалната предизборна кампања, која им претходеше на првичните избори во Ајова, теренот останува нејасен како што беше секогаш, рече портпаролката на кампањата на Блумберг, Сабрина Синг.
– Во меѓувреме, Мајк секој ден се бори со Трамп, рече таа, додавајќи дека тој ќе ги удвои средствата во стратегијата на неговата национална кампања, која ја водеше уште од почеток. Таа не спомна конкретна сума, но според рекламната фирма, Едвертајзинг аналитикс – Блумберг, поранешниот градоначалник на Њујорк – потрошил повеќе од 300 милиони долари на телевизиска, радио и реклама преку интернет.
Ова во голема мерка го зголеми неговиот рејтинг на неодамнешните анкети, иако тој не учествувал во директни судири на изборите со други кандидати за демократски кандидати на предвремените први избори во Ајова и Њу Хемпшир. Блумберг води неконвенционална изборна кампања и се потпира на добра застапеност на примарните избори, во однос на подоцнежната фаза од кампањата.
Тој ги преплави телевизиите, Фејсбук и Гугл со реклами што го зголемуваат неговиот рејтинг, иако досега не учествувал во ниту една дебата.
Покрај тоа што влегоа нови големи средства во рекламирање, кампањата на Блумберг објави дека ќе го удвои бројот на вработени на 2.100 лица.
Значи, неговиот тим ќе има до крајот на неделава ќе има 125 канцеларии и персонал во 40 држави и територии во САД, вклучувајќи 450 вработени во државите кои се клучни за исходот од изборната битка – Висконсин, Пенсилванија, Северна Каролина, Аризона, Флорида и Мичиген.