ВМРО ДПМНЕ: Сите партиски криминалци треба да одговараат за своите злодела

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Сите криминалци мора да одговараат за своите злодела, порачува  во денешнот соопштение ВМРО ДПМНЕ


СДСМ е партијата чии олигарси и криминални функционери се збогатија од соработката со Слободан Милошевиќ и шверцот на нафта и акцизни стоки за Србија. Она што го знаеше цела Македонија и цел Балкан сега се потврди со документите кои ги објави ЦИА.

Илјадниците документи на американската разузнувачка служба во врска со Балканот кои се појавија деновиве ја потврдуваат вмешаноста на СДСМ и нејзините највисоки функционери во нелегалниот шверц кон Србија во 90-те години на минатиот век.

Тогашната власт од СДСМ земала мито за кршењето на ембаргото кон Србија. За ова не сведочи Столе од Струмица, за ова сведочат документите на ЦИА.

Корупцијата и криминалот во СДСМ не се ексклузива на Заев и Шекеринска, туку имаат свој корен. Црвенковски, Миљовски и Бузлевски од СДСМ се меѓу луѓето кои добивале мито за обезбедување на лажни документи и документи за транспорт.

Корумпираните функционери на СДСМ за својот криминал добивале и луксузни Мерцедес автомобили на поклон, сведочат луѓето кои учествувале во криминалот на СДСМ од тој период.

Еден од главните криминалци на СДСМ е еден од најголемите проповедници за право и правда по медиуми деновиве – Љубомир Фрчковски како министер за внатрешни работи организирал шверц не само на нафта, туку и на цигари за синот на Слободан Милошевиќ.

Зоран Заев се опкружи со луѓе од негов ков – криминалци.  Но, вистината е како шило – кога тогаш, си го наоѓа својот пат до јавноста.