BMW: Европа не е подготвена да ги забрани моторите со внатрешно согорување

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Додека Европа се соочува со претстојната гасна енергетска криза, BMW предупредува дека целосното прифаќање на електричните возила како единствено средство за масовен транспорт не е решение.

Извршниот директор на баварската марка Оливер Зипсе вели дека Европа не е подготвена за остро исклучување на бензинските и дизел моторите: „Погрешно е да се исклучат моторите со внатрешно согорување во Европа“.

„Индустријата ќе изгледа поинаку во однос на опсегот и структурата ако се сврти кон само една технологија“ – тврди Зипсе.

Наместо да се потпираат само на електрични погони со батерии, затоа политичарите треба да следат пристап кој е отворен за сите технологии: ако индустријата треба да ги подобрува своите емисии на CO2 за пет проценти секоја година, ќе има огромни позитивни климатски ефекти, пишува „Јутарњи“.

Од друга страна, „тврдото исклучување“ на моторот со внатрешно согорување би довело до аномалии кои овде веќе никој не може да ги контролира – заклучи Зипсе.

Според германските медиуми, за разлика од повеќето производители на автомобили, BMW не се фокусира само на електричните автомобили на долг рок, туку и на различните технологии за погон: мотори со внатрешно согорување, хибриди со мотори со согорување и електрични мотори, целосно електрични и водородни автомобили.

Слични содржини