Во одделот М на BMW сметаат дека денешните автоматски менувачи без две спојки се подобро решение за секојдневна употреба.
Во нова изјава за Top Gear, еден од водечките луѓе во одделот М на BMW (Дирк Хакер) откри дека во споменатиот оддел, германската компанија се откажува од 7-брзинскиот менувач со две спојки (DCT – менувач со двојна спојка) бидејќи истражувањата и корисничките искуства покажаа дека денешните класични автоматски менувачи се наметнуваат како подобро и поудобно решение при секојдневна употреба во различни услови.
На задоволство на љубителите на традиционалните решенија, Хакер откри и дека неколку модели „потпишани“ од дивизијата М сепак ќе можат да се нарачаат (и) во комбинација со рачен менувач. Опцијата со три лопатки треба да трае најмалку до 2030 година, а меѓу „класиците“ наскоро би можел да се најде и Roadster моделот Z4 M40i, врз основа на решението што Toyota последователно го понуди за „сестринскиот“ модел Supra.
Веќе е познато дека новата генерација на BMW M5, кога ќе пристигне на сцената, со себе ќе го донесе класичниот 8-брзински автоматски менувач како што веќе се нуди во М дивизијата со актуелните модели M2, M3 и M4 CSL а Хакер нагласи дека преносите DCT веројатно и ќе продолжат да бидат достапни со неколку модели на BMW кои не се поддржани од М дивизијата.