
Германскиот производител BMW соопшти дека започнува изградба на нов центар во градот Унтершлајсхакм, блиску до Минхен. Во него ќе се проектираат и создаваат системи за беспилотно движење на возилата на концернот,а врз нив ќе работат околу 2.000 специјалисти посебно. Проектот за изработка на автономни возила на компанијата предвидува создавање на мали мобилни бригади, кои ќе се занимаваат со развој и тестирање на опремата, на програмата за незгоди и на самите возила.

Од BMW објаснија дека предноста на новиот центар е во близината тестирачкиот полигон. Така воспоставените системи ќе може веднаш да бидат испробани. Во моментот над беспилотните возила на баварците работат 600 лица, поголемиот дел од нив се занимаваат токму со програмата за несреќо. Еден од нив – Андре Милер, откри дека проектот се развива многу брзо, а користењето на најсовремената технологија ќе им овозможи на беспилотните автомобили да се појават на јавните патишта наскоро. Се очекува тоа да се случи уште во 2017 година, властите во Германија веќе дале дозвола на BMW да започне тестови по улиците во земјата. Проектот треба да заврши во 2021 година, кога сериските автономни автомобили на баварците ќе излезат на пазарот.