На македонскиот граничен премин Деве Баир одбиле да ги примат агрегатите за струја ветени од министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, соопшти „БНР“, повикувајќи се на информации од вработени на бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“.
-На македонскиот граничен премин „Деве Баир“, каде што речиси секој ден неделава имаше прекин на струја, го поправија и го користеа стариот апарат, изјавиле вработени на „Ѓуешево“, стои во текстот на бугарските медиуми.
Најавата за агрегати од бугарските власти следуваше откако во саботата на 4-ти февруари падна системот за контрола на ГП „Деве Баир“ за влегување и излегување во земјава, при доаѓањето на бугарските граѓани кои сакаа да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев.
Претходно беше соопштено дека во план се да пристигнат три агрегати.