БНТ: Не се малку сообраќајните незгоди на делницата каде утрово загинаа македонски граѓани

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Не е мала концентрацијата на сообраќајните незгоди на делницата од автопатот Струма, каде утрово се запали автобус и десетици загинаа. Инспекторите ќе ја проверат состојбата на површината на патот во областа на несреќата, пишува БНТ.

„Нема знаци на кочење на автобусот. Опциите за човечка грешка или сообраќајна несреќа не ја исклучуваат истрагата и за состојбата на патот. Ќе се проверува дали се исполнети сите барања и дали косините и степените на свиоци ги исполнуваат стандардите“, посочува медиумот.

Квалитетот на самиот асфалт ќе се проверува за добра влечна сила, особено кога е влажен, како што бил за време на несреќата.

Истражителите ќе го искористат искуството од несреќата кај Своге пред три години, кога е констатирано дека покрај возачот, виновни се и луѓето кои ги вршеле поправките на патот, бидејќи асфалтот бил неквалитетен, а влечната сила не била доволно добро, додаваат од БНТ.

Слични содржини