Бојаровски: Нема таков „Вениш” што ќе ги избрише злоделата на господарите на заробената држава

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Оваа година ќе остане запаметена по дезинформациите и по тоа што слугите на некогашните господари на заробената држава се ставија во програма за ревизија на бесчестието и злоделата на темничарите на заробената држава, пишува Зоран Бојаровски за ЦИВИЛ.

Проценија дека е дојдено време да ја отпочнат кампањата во која, распоредени формациски за настапи по медиуми, почнаа да ја шират патетиката од типот „невини мајки страдаат по затавори…“, и започнаа да ги именуваат како жртви наасилниците од 27 април кои извршија организиран државен удар.

Сета почит кон мајчинството на поранешната министерка за внатрешни работи, но судот и ја определи казната врз основа на докази за незаконски набавки, за масовното прислушување, за претворање на МВР во ВМРО…

Во оваа анализа ќе се осврнеме на дел од лагите за ревизорите прислужници на заробената држава, но нема да биде последна.

Овие мегафони на големото перење на бесчестијата на фамилијата ја „блатат“, на пример, Управата за јавни приходи дека „станала легло на корупција за избегнување на даноците на партиски блиските компании“ без да наведат ниту еден доказ за тоа. Само да се клевети и да се злоупотребува слободата на говорот без совест и без одговорност.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини