Боатенг е казнет со 1,8 милиони евра затоа што ја удрил поранешната девојка

од Nikola Popovski
224 прегледи

Поранешниот германски фудбалски репрезентативец и долгогодишен член на Баерн Минхен, а од летово, францускиот играч на Лион, Џером Боатенг (33) е казнет со 1,8 милиони евра поради удирање на неговата поранешна партнерка.

Боатенг е казнет за удирање на поранешната девојка за време на одмор во 2018 година.

Мајката на близнаците на Боатенг го обвини нејзиниот поранешен партнер дека се обидел да ја удри со светилка, а откако ја промашил, земал преносен уред за ладење со кој ја удрил во раката, а потоа почнал да ја влече за коса.

За време на судењето, Боатенг негираше дека нанел повреди.

Оваа казна за Боатенг доаѓа само седум месеци откако негова друга поранешна девојка Каиса Ленхард (25) се самоуби само една недела после раскинувањето на двегодишната бурна врска. Боатенг раскина со Ленхард после една жестока кавга пред многу очевидци, кога таа под дејство на алкохол му го искршила автомобилот. Батент по инцидентот со Баерн беше на Светското клупско првенство, кога екс-девојката си го одзема животот.

Слични содржини