Боб Дилан можно е да не ги добие парите од Нобеловата награда

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Нобеловиот лауреат за литература за 2016 година Боб Дилан може да не го добие паричниот надоместок што се вложува при добивање на наградата, ако не се одржи традиционалното Нобелоо предавање на 10 јуни. Тоа го пренесе на својот блог постојаниот секретар на Шведската академија Сара Даниус. Таа посочи дека Дилан ќе пристигне во Стокхолм во почетокот на април, каде на 1 и 2 ќе одржи два концерти.

“Во врска со тоа Шведската академија сака да соопшти дека во последните месеци не сме имале телефонски разговори со Боб Дилан. Тој сепак не знае дека Нобеловото предавање мора да се прочита не порано од 10 јуни, за да биде исплатена монетарната премија. Ова се наведува во статутот на Нобеловиот комитет “, пишува Даниус.

Таа посочи дека независно од тоа каква ќе биде одлуката на музичарот, тој ќе остане носител на Нобеловата награда за литература.

Самиот Дилан не присуствуваше и на церемонијата на доделувањето на наградата на 10 декември, иако тогаш Академијата соопшти дека тој ќе одржи предавање. Наместо него наградата ја прими американската пејачка и поетеса Пети Смит.

Името на носителот на наградата за литература стана најголемото изненадување во текот на доделувањето на наградите минатата година. Дилан ја доби наградата “за создавање на поетски слики во големата американска поемска традиција”, соопштија од Академијата тогаш.

Така тој стана првиот музичар кој ја добил престижната награда.