Бобан: Никој нормален не поддржува Светското првенство на секои две години

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Легендарниот југословенски и хрватски фудбалер Звонимир Бобан ги критикуваше ставовите на некои луѓе од ФИФА, кои се залагаат Светското првенство да се одржува на секои две години.

„Секој нормален човек кој го разбира и почитува фудбалот не може да ја прифати идејата Светското првенство да се игра на секои две години. Така би отпишале 100 години од историјата на Светското првенство, најдоброто натпреварување во светот. Фудбалот не може да се промени еднострано без добра консултација со играчите вклучени во играта. За да помине тоа, УЕФА мора да го организира ЕВРО на секои две години, а националните лиги мора да го намалат бројот на тимови“, рече Бобан, а потоа продолжи:

„Тоа е само почеток. Најапсурдно е што во текот на годината, доколку се реализира таа идеја, ќе останат само два термини за меѓународните натпревари на репрезентацијата. Веќе три натпревари за репрезентацијата по ред се премногу, играчите се мртви по нив. Се што е надвор од тоа е лудо. Патувањата не им наштетуваат на играчите, туку им штетат премногу натпревари по ред “, заклучи Бобан.

За потсетување, идејата за одржување на Светското првенство на секои две години беше иницирана од легендарниот Французин Арсен Венгер, а тој доби поддршка од лидерот на ФИФА.

Слични содржини