Бобо Виери сними хит со два аса од Калчото: Доминираат згодни девојки во спотот за „Una vita da Bomber“ (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Кристијан Виери сериозно заплива во музичките води и тоа во друштво на двајца бивши ѕвезди на Серија А.
Бобо Виери, Даниеле Адани и Никола Вентола снимија „заразен“ хит по име „Una vita da Bomber“ во кој се опишува животот на напаѓачот


Наскоро ќе им стане јасно на многумина дека не им било толку тешко, особено тоа важи за Виери, добро познат фудбалски заводник.

Песната ја објави Universal Italia, а Виери се воодушеви кога го слушна предлогот на песната.
– Кога го преслушавме демото, чувствувавме дека песната може да биде успешна. За среќа, Леле знае да пее, така што објавувањето на овој сингл е исполнување на сништата за нас. Кој знае, можеби еден ден ќе бидеме успешни како Рики Мартин – рече Виери.

Песната е објавена на 26 јуни и досега има 1.500.000 прегледи на Јутјуб.

 

Слични содржини