Боцан Харченко: Вучиќ ме информираше дека Западот стои зад немирите во Белград

од Nikola Popovski
251 прегледи

Рускиот амбасадор во Србија, Боцан Харченко за телевизијата „Русија 24“ изјавил дека српскиот претседател го информирал дека Западот стои зад вчерашните немири во Белград.

„Опозицијата започна со протести, кои беа поддржани од надвор. Вучиќ зборуваше за тоа, не можам да зборувам за детали, бидејќи информациите се доверливи. Но, тој има непобитни докази дека поттикнувањето немири дошло од Запад“, изјавил Боцан Харченко по средбата со српскиот претседател, пренесува „N1“.

Вучиќ претходно денеска на својот Инстаграм профил објави дека го информирал амбасадорот Боцан-Харченко за синоќешните немири во Белград и повторил дека „ќе направи се за да ја зачува безбедноста на граѓаните и нашата Србија“.

„Разменивме мислења и за билатералните односи, ситуацијата во регионот и актуелните геополитички настани. На амбасадорот му ја пренесов желбата нашите два народа да ги дочекаат претстојните празници и Новата година во мир и благосостојба“, соопшти Вучиќ.

Слични содржини