Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска беше и меѓу граѓаните на Гостивар и Врапчиште.
Членот на ЦО на СДСМ Благој Бочварски заедно со Пламенка Бојчева денеска разговараа со граѓаните на Врапчиште за мерките и политиките што СДСМ ги спроведува, како и за плановите во наредниот период.
На маалска средба во Врапчиште, членот на Централниот одбор на партијата, Благој Бочварски, порача дека проектот за изградба на коридорите 8 и 10д е национален и државен интерес, најголема инвестиција вредна 1.3 милијарди евра која носи низа придобивки за граѓаните.
-Граѓаните не избрале да ги реализираме проектите кои што се од национално и стратешко значење. 32 години независност а ние сега се уште треба да зборуваме дали треба да се изградат автопатиштата во државата или не како што вели опозицијата? Да поминат 32 години и да зборуваме за патот кон Охрид дали треба да биде автопат, Коридор 8? Тоа не е реална дебата, тоа е само хајка против коридорите и против овој стратешки проект. Буквално за секоја стратешка одлука важна за земјата ВМРО-ДПМНЕ била и е на погрешната страна. Ние нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ги блокираат стратешки важните проекти затоа што блокадите се на штета на граѓаните и на земјата, рече Бочварски.