Бочварски: Автобусот кој изгоре не бил пријавен од превозникот, почната е постапка за одземање на лиценцата

од Nikola Popovski
324 прегледи

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вечерва информира дека превозникот „Беса Транс“ во моментов има уредна лиценца за вршење на меѓународен превоз на патници.

-МТВ издава лиценца, како и извод од лиценца за меѓународен слободен превоз на патници за секое возило. Во системот на министерството, конкретниот превозник е заведен со 4 возила со лиценца. Според член 11, став 1, од Законот за превоз во патниот сообраќај, превозникот може да врши превоз на патници во внатрешен и меѓународен сообраќај, откако ќе добие лиценца и извод од лиценца за моторното возило. По добиената информација од МВР, констатирано е дека истото возило не било пријавено од превозникот и поради тоа го нема во електронската база на МТВ, рече Бочварски на прес-конференцијата и додаде дека поради тоа што компанијата немала извод од лиценца за работа, отпочната е постапка за одземање на лиценцата на превозникот.

Слични содржини