Бочварски да му ги одземе ингеренциите на Мерко, бараат АА и Алтернатива

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Министерот Бочварски, сакајќи да ја прикрие јавноста и да избегне одговорност за барањето на граѓанскиот сектор, продолжи со пинг-понг-надлежностите меѓу централната и локалната власт. Бочварски да не ја потценува интелигенцијата на јавноста воопшто и на граѓаните на Струга посебно, туку да стави крај на криминалот и урбаниот хаос во Струга, се вели во денешното соопштение на Алијансата за Албанците и Алтернатива.

„Го потсетуваме министерот дека министерството што тој го води и Владата каде што тој припаѓа, во многу случаи дури и неправедно, им ги одземаа надлежностите на градоначалниците предводени од албанската опозиција. Истото сега со право може да се направи со Струга за да се стави крај на капитулацијата на Рамиз Мерко и да се спасат граѓаните и статусот на езерото во УНЕСКО.

Министерот Бочварски денес изјави дека локалните избори се решение за дисциплинирање на Мерко. Сакаме да го потсетиме дека кога станува збор за интересите на СДСМ и нивните пазарења, тие веќе од поодамна ги дисциплинираа функционери на ДУИ.

Кога станува збор за избори, граѓаните добро се сеќаваат како неговиот лидер, Зоран Заев отиде во Струга да го поддржи Мерко против албанската опозиција, додека во моментов СДСМ е во коалиција со ДУИ во Советот на општината во Струга каде поддржува и одобрува сè што Мерко и неговиот клан прави“, велат од коалицијата.

Слични содржини