Бочварски: Договорот има обврски за секоја страна, а целта е делниците да се пуштат час поскоро заради граѓаните

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА објаснува дека согласно договорот, согласно законот и согласно програмата на Владата, изведувачот по стартот на реализација на договорот започнува со сите постапки на проектирање, а откако ќе заврши проектирањето на експропријација на одредени делници, ќе започне испитување на теренот.

-Тоа се геомеханички и геотехнички испитувања на трасата, бидејќи тие се клучни испитувања за да потоа кога ќе се проектира се испрактира правилно и за да при градбата потоа немаме проблеми. Многу пати говорев до сега, проблемот на пример со Кичево-Охрид е токму од слабите геомеханички испитувања, од лошиот проект, од стариот проект кој што бил направен во минатото за да денеска ни ја обременува градбата и постојано се навраќаме на дополнување на проектите и дополнителни испитувања со цел да се проектот заврши. И тоа не кошта многу време и многу пари. Денеска овој процес кој што го започнува токму компанијата започнува со проектирање, мобилизација, испитување на теренот, веднаш потоа ќе започне со поднесување на проектите за урбанизам, за одобрување на трасата и паралелно со тоа ќе започне со поставување на кампови за работниците, за инжинерскиот персонал, со што ќе се влезе и во работа на терен. Тоа е утврдено согласно договорот и согласно таквиот договор секоја од страните треба да продолжи да ја реализира својата обврска за да може да ги завршиме овие делници час поскоро за да бидат ставени во функција за граѓаните, вели Бочварски.

Министерот нагласи дека предвидено е за сите четири делници да се започнат постапките, проектирањето и сите процедури веднаш, додека за делницата Требеништа- Струга- Ќафасан има уште одредени анализи кои што се прават со цел да се презентира планот на идниот проект пред ЈПДП за да се утврди трасата.

-Во однос на другите делници веќе имаме појасна слика во тоа каде поминува трасата и токму поради тоа компанијата веќе може да започне со проектирање и да влезе потоа со работа. Така што стартот на градежни работи значи и тоа, мобилизација од инженерски персонал, до механизација, до работници кои што ќе влезат на терен и ќе го реализираат тоа што ќе биде направено согласно проектната документација. Јас сум убеден дека поквалитетно направен проект, односно дизајн или основен проект за градење понатаму проектот на градбата ќе оди побрзо, поедноставно и ќе немаме проблеми при реализацијата на градежните активности. Значи кога имаме добра техничка документација, градбата сум сигурен дека ќе оди многу подобро, добри анализи градбата ќе тече побрзо, доколку имаме слаби анализи на почетоток за трасата за теренот тогаш ќе ни се јавуваат до крајот на градежните работи многу проблеми и проектот ќе трае со реализација могу подолго, заклучи Бочварски.

Слични содржини