Бочварски: Фотоволтаици ќе може да поставува секој граѓанин без дозвола од општината

од Берта Китинска
244 прегледи

На денешната владина седница поминаа измените во однос на поедноставни процедури за поставување фотоволтаични електрани кај домаќинствата и стопанските објекти кои сега ќе можат тоа да го направат без дозвола од општината, а сакам да апелирам до сите пратеници проактивно да се вклучат и да ги изгласаат овие законски измени веќе на следната собраниска седница, порача на денешната пресконференција министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот очекува по овој закон да се расправа уште на првата седница во септември.

-Фотонапонските централи можат да бидат поставени кај домаќинствата до 6 киловати и кај правните лица до 40 киловати, а на колективните згради може да се постават од страна на заедницата.Потребен ќе биде и имотен лист за објектот или договор со сопственикот на објектот, како и основен проект за поставување на фотонапонска електроцентрала.Приклучокот се приклучува до ЕВН, а контрола врз градбата ќе вршат градежните инспектори. Со ова би сакал да потенцирам дека излегуваме во пресрет на комортите, бизнис-секторот, компаниите и граѓаните, а неискористената енергија на домаќинствата се враќа во енергетскиот сектор, односно се впушта во системот, кажа Бочварски.

Слични содржини