Бочварски: Ги повикувам сите германски компании да инвестираат во нашата земја

од Nikola Popovski
199 прегледи

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски информираше дека денес имал средба со заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на Германската амбасада, Ото Граф, на која разговарале за продлабочување на економската соработка на Северна Македонија и Германија.

Тој потенцира дека како еден од најсилните парнери на македонската економија, Германија продолжува да биде наш партнер и поддржувач.

-Денешната средба беше од огромно значење за да ги промовираме можностите за вложување и на двете земји. Разговаравме и околу инвестицискиот циклус во делот на инфраструктурата. Имаме одлични услови за инвестирање, ги повикувам сите заинтересирани германски компании да вложат во нашата земја и да се вклучат во изградба на инфраструктурните проекти. Ние остануваме отворени за германските инвестиции во идниот период со цел постигнување на повисок стандард на граѓаните и посилна македонска економија, истакна Бочварски.

Слични содржини