279
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски информира дека рано утрово ги пречекал првите патници кои пристигнаа со првиот комерцијален лет на релација Софија – Скопје.
-Веќе ги гледаме резултатите од работењето на мешовитите владини комисии кои како иницијатива ги отворија претседателите на владите Ковачевски и Петков, а на полето на транспортот и поврзувањето ги реализираме заедно со мојот колега Сабев.
Остануваме посветени во отворање на нови можности за нашите граѓаните, кои несомнено ќе донесат повеќе комуникација и економски бенефит за двете земји, соопшти Бочварски.