Градоначалникот на општина Штип преку својот Фејсбук профил реагираше на прашањата од ВМРО-ДПМНЕ, зошто Советот на Општина Штип вчера ги разрешил членовите на УО на ЈП Исар.

„Еве ќе ви кажам. Затоа што сами си ги покачиле паушалите од 5 илјади на 9 илјади денари без одлука на Совет. Затоа се нервозни. Заврши времето на самоволието на Дпмне“, пишува Бочварски.