Бочварски: Го подигнуваме нивото на понуди и услуги за патниците на Меѓународниот аеродром Скопје

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Проширувањето на капацитетите на ATU Duty Free на Меѓународниот аеродром Скопје е уште еден бенефит за граѓаните и патниците, со што ја зголемуваме понудата и ги подобруваме условите на аеродромот, а со тоа ја зголемуваме и конкуренцијата во регионот, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска присуствуваше на отворањето на новата и проширена ATU Duty Free безцаринска продавница на скопскиот аеродром.

Тој истакна дека Владата на Република Северна Македонија покажува силна посветеност за развојот на авиосообраќајот во земјата, а токму јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии е доказ за тоа.

„Силно сме посветени во искористување на капацитетите на нашите два аеродроми, што го покажавме и со објавата на новиот јавен повик за авиолинии, а ТАВ Македонија е значаен партнер на Владата кој дава огромен придонес за развојот на авиосообраќајот во земјата. Во таа насока го поздравувам секое подобрување на условите за патниците и секако продолжувањето на надградбата на капацитетите. Отворањето на новата и проширена ATU Duty Free продавница носи значаен бенефит за скопскиот аеродром и сите патници кои ги користат неговите услуги.“ – изјави министерот Благој Бочварски.

Генералниот извршен директор на ATU Duty Free, Ерсан Арџан, во своето обраќање истакна дека со големо задоволство денеска ја отвораат новата проширена продавница на скопскиот аеродром и со проширените операции придонесуваат кон развојот на цивилното воздухопловство и туризмот на Северна Македонија.

Досега, во Северна Македонија тие имаат инвестирано приближно 1 милион евра, со што уште од почетокот на нивното функционирање на скопскиот и охридскиот аеродром во 2010 година, постигнале значителен раст на бесцаринските операции и работењето.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, пред присутните изјави дека ТАВ Македонија како аеродромски оператор, секогаш се стреми и секогаш ги вложува своите напори да ги обезбеди најдобрите аеродромски услуги и аеродромско искуство на своите патници и клиенти.

Новата и реновирана бесцаринска продавница управувана од ATU Duty Free, која е во партнерство со ТАВ Аеродроми беше отворена денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје со свечено сечење на лента.

Слични содржини