212
Веќе влегуваме во реализација, следни се проектирањата, испитувањата на терен, мобилизација на механизација, поставување кампови. Граѓаните во наредниот период ќе се уверат во реализацијата, порачува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во видео интервју за МИА, во однос на изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10д со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Убеден сум, вели министерот, дека ќе покажеме дека со овој модел ќе имаме подобар начин, реализација и прогрес на изградбата на автопатските делници.