Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска се обрати на настанот по повод отпочнување на изградбата на автопатот Тетово – Гостивар на Коридорот 8.
„Денеска ја испишуваме историјата на модерна, просперитетна и европска Македонија. Јасно до знаење на сите, инфраструктурата е најголем приоритет на оваа Влада и Република Северна Македонија останува на вистинскиот правец за модерна и просперитетна држава.
Многу пати ги слушавме декларативните заложби дека сакаме да ги затвориме европските коридори, 32 години се зборуваше но најтешките делници останаа нереализорани, патиштата на овое делници се истите од минатиот век.
Клучно прашње е дали сакаме да го вратиме она кое што е пропуштено како шанса? Сите ќе се согласиме дека сме за. Дали сакаме посилна економија младите да ни останат овде? Сакаме. Во делот на инфраструктурата направивме неколку чекори на тој пат, преку новите патни правци кои веќе се реалност, но јас сум убдеден дека ова е најсилнот чекор и најголемиот скок на тој пат“, истакна Бочварски.
Тој потенцира дека Коридорите во Северна Македнија се од витално значење за целиот Западен Балкан и заради тоа, како што тврди, имаме подршка и од нашите стратешки партнери.
„И не случајно, присутни сме тука претставници од целиот регион, од Албанија, од Бугарија. Сите заеднички му даваме огромно значење на овој европски проект, бидејќи нашата заедничка иднина е европска.
И морам да спомнам дека ова е наш заеднички успех на сите граѓани во Република Северна Македонија. Затоа слободно можам да кажам дека ова е година на инфраструктурата. Инвестираме преку милијарда евра само во изградба на нови автопатишта, но градиме и нови експресни патишта, нова пруга кон Исток“, кажа Бочварски.