Бочварски ја поддржува иницијативата на Герасимовски за конфискација на дивоградбите

од Nikola Popovski
141 прегледи

Министерството за транспорт и врски информира дека министерот, Благој Бочварски денеска остварил работна средба со градоначалникот на општина Центар,  Горан Герасимовски.

На средбата се разговарало по предлог иницијативата на општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти.

„Министерството за транспорт и врски ја разгледа иницијативата и смета дека истата треба да биде дополнета со предлози во насока на дестимулација на изградба на нелегални објекти преку :

-зголемување на паричните казни за нелегално изградените објекти како и прогресивни месечни казни

-јакнење на капацитетите на инспекциските служби преку воведување на дополнителни надворешни правни лица кои ќе имаат дејност и овластувања на општински инспекциски служби, имајќи предвид дека општините имаат недоволен број на градежни инспектори.

Во однос на конфискација на бесправно изградени објекти,  Министерството за транспорт и врски ја поддржува иницијативата на општина Центар како едно од решенијата општините во иднина поефикасно да се справат со нелегалното градење, сметајќи дека потребно е прецизно дефинирање на сите законски одредби што ќе ја регулираат оваа материја“, стои во соопштението од МТВ.

Слични содржини