233
Шпекулации се информациите дека ќе има реконструкција на Владата, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во „Студио 10“ во врска со информациите во медиумите за промени во владиниот кабинет, додавајќи дека:
„Владата и партијата веќе се изјаснија по ова прашање“.
Во врска со предлогот на ЛДП, Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, Бочварски вели дека поранешниот градоначалник со своето искуство ќе допринесе во владиниот кабинет.