Бочварски: Над 20 проценти е изградена браната на река Отиња

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Над 20 проценти е изградена браната на река Отиња, а тоа значи дека се работи на земјените работи и на дното на браната, истакна Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски одговарајќи на новинарски прашања по комеморативната седница за доктор Методи Чепреганов, која беше организирана од страна на Општина Штип.

-Сега се работи на опточниот цевковод, се анкерисува и ќе има постапка на бетонирање на овој цевковод. Така што во наредниот период ќе продолжи исто постапката на започнување со насипот на браната. Се додека држат временските услови и во наредниот период и во овие добри топли денови ќе ги употребиме максимум за да продолжи изградбата со силно темпо и со силна динамика, вели Бочварски.

Посочи дека се решаваат сите постапки и прашања заедно со Надзорниот орган, кои излегуваат на терен. Очекува кон крајот на 2023 или почетокот на 2024 година да биде при крај изградбата на брана на река Отиња. Овој капитален проект за Штип се гради со средствата од државниот буџет, а според проектот за нејзина изградба потребни се над седум милиони евра. Нејзината е изградбата почна лани.

Слични содржини