Ќе се формира агенција за безбедност на патишта, ново независно тело со професионален кадар, со крајна цел да се намалат бројот на жртви во сообраќајот, информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Тој напомена дека предлог законот е веќе подготвен и дека до крајот на месецов ќе треба да биде предложен до Владата, а во првиот квартал од следната година да биде пред пратениците во Собранието за да се изгласа.
-Целта на новото извршно тело ќе биде создавање модели за координација на активностите за подобрување на безбедноста преку безбедна инфраструктура, квалитени обуки на возачите, проценки кои се безбедни возила кои можат да се вклучат во сообраќајот, обуки на службите за реакции по собраќајни несреќи и сет други мерки кои значително ќе ја зголемат безбедноста на патиштата, рече Бочварски.