Бочварски: Немаме добиено елаборат за суспензија на ДУП-от кај „Холидеј Ин“

од Берта Китинска
319 прегледи

Министер за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека Општина Центар не доставила елаборат за суспензија на ДУП-от за проектот кај „Холидеј Ин“.

-Утринава имав состанок со градоначалникот на Општина Центар, тие денеска имаат седница на Совет. Знаете дека деталните урбанистички планови се во сопственост на општините, ние сме само како контрола , така што нивна е одлуката која ќе ја донесат на седница на Совет. И по таа одлука ние очекуваме одговор за тоа дали ќе одат во насока на барање на стопирање на некои од плановите или за цел план, изјави Бочварски.

Тој кажа дека неговото министерство нема добиено  елаборат за суспензија од општина Центар.

-Ние во Министерството немаме добиено таков елаборат за суспензија. Затоа утринава имавме состанот на кој сум информиран дека Советот на општина Центар денеска ќе донесе одлука како да постапи во однос на ова прашање. Тие потоа нас ќе не информираат. Ако е одлуката во насока на суспензија, ќе треба да достават елаборат до Министерството и на што ние ќе дадеме свое мислење во рок од 15 дена, објасни Бочварски.

Министерот објасни дека  ако се бара суспензија на целиот ДУП тогаш таа може да трае 12 месеци за да се донесе нов план, а ако се суспендира дел од планот тогаш сузпензијата може да трае 6 месеци за да се изврши промената.

Слични содржини