Министерото Благој Бочварски посочи дека има напредок во процес за развој на македонскиот транспортен сектор со воведување на 3000 меѓународни дозволи за превоз на стоки за домашните транспортери. Од наредна делеќе ќе можат да аплициираат за добивање на BSEC дозволи во системот на министератвото за транспорт и врски/
-Правиме голем исчекор во транспортниот сектор. Сакам да им честитам на нашите домашни транспортери кои добиваат нови 3000 меѓународни дозволи за превоз на стока, што е огромна придобивка за транспортните компании и за целата домашна економија. Овие нови 3 илјади дозволи ќе можат да се користат во Грција, Албанија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Грузија, Азербејџан и други земји, со кои отвораме можности за нови пазари, поврзување со нови потенцијални партнери и зголемување на домашниот економски раст и развој. Веќе од наредната недела ќе може да се аплицира во системот на министератвото за транспорт и врски за добивање на BSEC дозволи. Ова е нов заеднички успех на политиките на Влада и останатите институции кои дадоа свој придонес во овој значаен процес за развој на македонскиот транспортен сектор, напиша на ФБ, Бочварски.