До сега реконструиравме девет улици во општина Кавадарци, за што преку Министерството за транспорт и врски инвестиравме околу 1 милион евра, а следната година предвидено е да реконструираме уште две локални улици, истакна министерот Благој Бочварски кој денеска со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска извршија увид во реконструираната улица Димката Ангелов Габерот.
Ова е дел од Проектот за реконструкција на локалните улици низ општините за што Владата инвестира вкупно 70 милони евра.
Министерството за транспорт и врски во континуитет дава силна подршка на општините за проекти кои се од суштинско значење за граѓаните и за развој на локалната економија, потенцира министерот Бочварски.
„Владата преку Министерството за транспорт и врски инвестираше околу 1 милион евра во општина Кавадарци и слободно можам да кажам дека тука во Кавадарци реконструиравме најголем број на улици.