Бочварски: Патарините изнесуваат 2,57 денари по километар за возила од Б категорија

од Nikola Popovski

Наплатата на патна такса е утврдена согласно Законот за јавни патишта. Единствено на автопатите и профилите кои се карактеризираат како автопати се наплаќа патарина. Оваа делница Миладиновци-Штип е со автопатска делцница и се работи на изградба на патарини. Вториот аспект е начинот на колку се пресметува наплатата. Таа се пресметува за сите македонските автопатишта 2,57 денари по километар за категорија Б на возила. Следствено на тоа и останатите категории се прецизирани согласно правилата со овие правилници во државата, вели министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за цената на патарините на патиштата од Скопје до Штип, која ќе изнесува 320 денари во еден правец.

Тој вели дека ја разбира тезата за цената.

-Секако дека во Јавното претпријатие за државни патишта има приходна и расходна страна. Приходната е делумна од наплатата на патарините, акцизата, од кредити што се подигнуваат, но има и расходна страна за веќе почнати проекти на патни правци. Сите средства во претпријатието се користат за изградба и рехабилитација на патишта, додава Бочварски.

Слични содржини