Транзицијата кон зелена енергија е примерен фокус и потреба повеќе од било кога и во таа насока Министерството за транспорт и врски ја поедностави процедурата за поставување на фотоволтаици со што добиваме самоодржливи домаќинства и компании, но и го помагаме централниот електро -енергетски систем, истакна денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во Богданци од каде започнува кампањата за промоција на новите процедури за поставување на фотонапонски електроцентрали.
Со новите поедноставени процедури кои се влезни на сила, покрај изработка на основен проект, до локалната самоуправа потребно е да се достави само известување за поставување на фотоволтаици со што се намалува постапката од 30 дена на само 1 ден.
„Ова е најупростена постапка за поставување на фотоволтаици која содржи само неколку чекори а тоа е: Подготвување на основен проект со две фази и тоа со архитектура и електрика, како и поднесување на известување до општината преку која граѓанинот ја информира општината дека пристапува кон поставување на енергетски објект на својот кров. Како држава сме подготвени да му помогнеме на електро-енергтскиот систем на државата но и да си помогнеме самите себе и да придонесеме за плаќање на помали сметки за електрична енергија. Ова е почеток на оваа промоција и ги повикувам сите граѓани кои се заинтересирани да постават фотоволтаци и да влијаат врз намалување на електричната енергија, изјави министерот Благој Бочварски.
Министерот Бочварски денеска во Богданци се сретна со Никола Гогов, жител на Богданци, кој ги искористи новите процедури за поставување на фотоволтаици.
Особено е важно фотонапонската централа да се искористи за да се поврзете со сопствените електрични уреди во домаќинството вклучително и греењето. Јас тоа го напрвавив, ги искористив новите скратени процедури и сметам дека тоа е важна и исплатлива инвестиција, изјави Никла Гогов, ѓител на општина Богданци.
Министерството за транспорт и врски и во следниот период ќе продолжи со промоција на новите поедноставени процедури и во другите општини низ државата.