Бочварски: Поради пропусти во проектот, проблеми има и на патот Градско – Прилеп

од Vladimir Zorba
109 прегледи

По очигледните огромни пропусти на автопатoт Кичево – Охрид каде што само за еден тунел, поради пропусти во проектот, цената ќе се покачи од 29 на 89 милиони евра, слични проблеми се јавуваат и во изведбата на експресниот пат Градско – Прилеп, изјави денеска потпретседателот на СДСМ, Благој Бочварски.

-Постојат сериозни пропусти во делот на трасатa и проектната документација, непостоење или пак минимални геотехнички истражувања, како и појава на три досега неевидентирани археолошки локалитети поради кои е издадено решение за привремен прекин на работите. Ова е само уште една потврда за неспособноста, нестручноста и неодговорноста на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Брзајќи да ги земат договорените провизии за автопатишта Никола Груевски и неговите соработници нанесоа огромни штети врз интересите на граѓаните и Буџетот – вели Бочварски.

Потпретседателот на СДСМ потенцираше дека ќе има одговорност за сите пропусти на споменатите автопатишта, за сите земени провизии, за сите криминални тендери и за секое криминално богатење на поединци на сметка на граѓаните и државата.