Бочварски: Преку 10 илајди жители на Сарај добиваат квалитетна вода за пиење

од Vladimir Zorba

„На над 10 илјади жители во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци со проектот за водоснабдување што го реализираме преки министерството добиваат квалитетна вода за пиење. Со тоа го решаваме деценискиот проблем за овие жители“ – изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид на изградба на водоснабдителениот систем во населеното место Рашче.

Проектот за подобрување на водоснабдувањето опфаќа изградба на резервоар, изградба на пумпна станица и изградба на цевковод. Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 40 милиони денари.

“Покрај овој проект кој е од исклучително значење за жителите на овие населени места, започнуваме и со изградба на фекална канализациона мрежа во населено место Ласкарце, инвестиција вредна 27 милиони денари.
Покажуваме дека поденакво вложуваме во сите општини низ земјата, помагаме на сите граѓани, секое семејство ни е важно. Приоритет ставаме на подобрување на условите за живеење”, изјави министерот Бочварски.

“ Особено ми е драго што денеска сме присутни овде заедно со министерот, со градоначалникот и општинската администрација за да дадеме поддршка за овој исклучително значаен проект за жителите од наслените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци. Ова беше наше ветување пред нив и наша обврска која еве денеска ја реализираме”, изјави заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.

Поддршката од централната власт е од огромно значење со што даваме приоритет во решавање на водоснабдувањето во Сарај, истакна градоначалникот Блерим Беџети.

“ Во фаза на издавање сме и на одобрението за градење и на другиот дел од резерворот за вода во населеното место Копаница како и цевководот со што заеднички со Владата го завршуваме овој значаен проект со кој конечно го ревшаваме проблемот со вода за овие населени места”, изјави градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.

Слични содржини