Бочварски: Преку 50 дестинации од Северна Македонија, од денеска нова авиолинија Скопје – Осло

од Nikola Popovski
251 прегледи

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, на Меѓународниот аеродром Скопје ги пречекаа првите патници на линија Осло – Скопје со што го означија воспоставувањето на новата авиолинија, која ќе ја оперира авиокомпанијата Норвеџиан Ерлајнс.

-Овој месец се воспоставија неколку нови линии од охридскиот аеродром, а еве веќе од денеска, на заедничко задоволство  ја промовираме линијата Скопје – Осло која ќе биде реализирана преку авиокомпанијата  Норвеџиан Ерлајнс. Сакам да упатам благодарност за тоа што ја избраа Северна Македонија во нивната мрежа на дестинации, рече Николовски.

Според него, влегувањето на норвешката авиокомпанија на македонскиот пазар е само потврда на успешните политики што ги реализираме заедно со ТАВ Македонија.

-Создавајќи поволни услови за авиокомпаниите, ја доближуваме земјава поблизу до европските пазари. Од Меѓународниот аеродром Скопје до сега бевме поврзани со Осло преку авиокомпанијата Визер, но со оваа нова линија на Норвеџиан ерлајнс даваме дополнителна алтернатива и можност за унапредување на економијата, туризмот и генеранлно  конкецијата со Норвешка. Линијата ќе сообраќа два пати во неделата и уверен сум дека ќе отвори многу нови перспективи и зближување помеѓу двете земји, кажа министерот, информирајќи дека за споредба во периодот јануари – средина на јуни 2023 имаме зголемување од 44% во однос на истиот период изминатата 2022 година, што е силен доказ за нашата посветеност и упорност да овозможиме подобри услови и услуги во авиосообраќајот во земјава.

Слични содржини