„Овој автопат е најголемиот, најкомплексниот и најтешкиот инфраструктурен проект во историјата на самостојна Македонија“, зјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој изврши увид на автопатот во изградба Кичево-Охрид, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и неговиот заменик.
Според него, реално време за негово отворање е пред крајот на 2023 или почетокот на 2024 година.
„Има уште доста работа, важно е да имаме стабилен и безбеден автопат. Овие косини сега се стабилни и очекуваме во наредниот период да се продолжи со сите следни фази“, оценува Бочварски.
Во однос на шпекулациите дека автопатот поскапел, дека се потребни дополнителни средства, Бочварски истакна дека таквите информации не се точни. Цената, како што рече, е утврдена во 2018 година на 598 000 000 евра и не станува збор за дополнително поскапување.