303
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше прва средба со неговиот колега од Бугарија, министерот за транспорт и комуникации, Николај Сабев.
Според Бочварски, на средбата се разговарало на воспоставување на нова авио линија Скопје – Софија, како заеднички влог за зближување на двата народи, развој на економијата, туризмот и културата.
-Разговаравме за изградба на пругата на Коридор 8 како еден од најкомплексните инфраструктурни проекти и граничниот тунел за железничкото поврзување. Како министерства во следниот период ќе работиме на проекти кои поврзуваат во патната, железничката инфраструктура како и на зголемување на соработката во дел на товарниот транспорт, објави министерот за транспорт.