Говорејќи за капиталните инвестиции како многу важен аспект во развојот на економијата, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека поминавме период на ковид криза кога државата помагаше на фирмите да опстојат и ги задржат вработените, но сега е време кога преку капиталните инвестиции директно се помага, не да се даваат пари како помош и грантови, туку да се дадат средства да се изработат проекти и обврски.
-Овој систем кој што го воведе Владата со водење на грижа за процентуалното покачување на инвестициите преку квартали, сметам дека дава дава резултат заради тоа што се врши на секој ресорен министер да го крева нивото на капитални инвестиции. Она што ние го имаме како податок до сега инвестициите во Министерството за транспорт и врски се високи над 55%, вели Бочварски.