237
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски неодамна беше обвинет за непотизам, односно за вработување на неговата сопруга и нејзината сестра во клиничката болница во Штип.
Бочварски посочи дека секој граѓанин во државава треба да биде еднаков пред законот и да си ги остварува своите права и можности кои што ги нуди законот.
„Законот е јасен, доколку постапката е спроведена согласно закон секој има право да, согласно своето образование и професионални карактеристики, работи на одредени работни позиции. Доколку е запазен законот јас не гледам ништо спорно“, вели Бочварски за „Click Plus“.