Бочварски со ребалансот на Буџетот ќе бара дополнителни 300 милиони денари за доизградба на гасоводи

од Берта Китинска
181 прегледи

Со ребалансот на буџетот нема да има кратење на трошоците за инфраструктурни проекти како што е изградбата на гасоводот, кажа денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

–Околу 300 милиони денари ќе побараме дополнително за доизградба на гасоводите, бидејќи таму ќе имаме уште една постапка за интерконекторот со Грција во време на енергетска криза. Изградбата на гасоводите е од круцијално значење во државата, изјави Бочварски, на новинарско прашање по стартот на кампањата за зголемување на безбедноста на железничките премини.

Според Бочварски, секогаш при ребаланс на Буџетот се прават напори да се задржат средствата за инфраструктурата со цел да се инвестира што повеќе поради повеќекратниот бенефит за државата и за граѓаните.

– Во фаза на ребаланс на Буџетот сме и ќе побараме дополнителни средства, за изградба на гасоводите, каде што имаме реално доста добра реализација. За секаде каде што имаме добра реализација ќе побараме дополнителни средства, вели министерот.

Слични содржини