Дискусијата за урбанистичкото планирање е јасна и предвидува измена со која се додава член со што ќе се овозможи забрзана реализација на градби од стратешки интерес за изградба на државни патишта, железнички пруги, магистрални гасоводи како и други градби од јавен итнерес кои се реализираат како стратешки инвестициски проекти или проекти од стратешко национално значење, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во расправата за предложените измени на Законот за урбанистичко планирање по скратена постапка, кој е дел од пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10.
Министерот се приклучи во попладневното продолжение на собраниската расправа и на пратениците им порача дека сите треба да застанат зад овие проекти бидејќи, како што нагласи, се од особено значење за економијата на државата“.
– Измената на овој член во Законот за урабистичко планирање не се однесува само на еден проект, оваа измена значи дека сите државни патишта железнички пруги, магистрални гасоводи кои ќе бидат регистрирани од страна на државата во идниот период ќе може да се релизираат по оваа постапка која ке биде забрзана постапка, бидејќи се работи за проекти од јавен и стратешки итерес. Пред само неколку дена ја потпишав спогодбата помеѓу Северна Македонија и Европската унија со која што долгогдишното наше барање за Коридорот 8 влезе на мапата на главни европски коридори, тоа е барање и на претходните влади и денеска тоа барање се реалзира со што се потврди заложбата на државата освен Коридорот 10 веќе и Коридорт 8 да влезе на мапата на главни коридори со што нашата држава доби исклучително стратешко значење во регионот на Балканскиот полуостров. Сакам да потенцирам дека се работи за забрзани постапки во кои сите институции треба да постапуваат согласно овие процедури, ако ги завршиме порано овие процедури ќе имаме побрзо развивање на економијата, отворање работни места, рече министерот.