Сметам дека е прерано да се лицитира со имиња или да дискутираме кој каде се гледа. Тоа е работа на идниот мандатар, посочи денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
-Денеска очекуваме да биде поднесена оставката од претседателот на Владата, а со тоа и на целата Влада за потоа во законски утврдените рокови идниот мандатар си ги направи својот кабинет и својот тим. Тоа е негово право во законскиот рок да определи тим со кој ќе работи на продолжување на сите многу значајни проекти за државата, рече Бочварски.
Нагласи дека мандатарот има апсолутно право и временски утврден рок по закон за да состави нова влада.
-Стојам на располагање да му помогнам и на идниот мандатар за да продолжиме со развој на проектите во идниот период во делот на инфраструктурата во државата. Ќе разговарам со идниот мандатар и доколку ги отвориме сите проекти и концепти кои ги има, начинот на работа кој го предлага како иден премиер, му стојам на располагање, кажа Бочварски.