Бочварски: Во М-НАВ не смее да има манипулации во која било постапка

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оцени дека прашањето за вработување контролори на летање е затворено согласно со домашните процедури и законите и меѓународните правила и оти во Македонска навигација М-НАВ не смее да има никакви манипулации во која било постапка.

Одговарајќи на новинарски прашања Бочварски рече дека М-НАВ е институција која што има свои надлежности во однос на контролата на летање, свој Управен одбор и директори коишто ја водат компанијата, како и дека работи по сите меѓународни стандарди и правила согласно Евроконтрол.

„Таму не смее да има никакви манипулации во која било постапка и да се води во однос на оваа компанија. И токму поради тоа, вчера Владата информираше, но и компанијата информирала дека веќе е завршена постапката за вработување, согласно процедурите коишто ги имаат. Поради тоа сметаме дека тоа прашање е затворено на начин на коешто треба да биде затворено согласно процедурите и законите во државата и меѓународните правила“, наведе Бочварски.

Слични содржини