Бочварски: Возилата може да поминуваат и на патарината Скопје-Тетово без застанување, со М-таг и М-кард

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Денес беше активирана електронската и бесконтактна наплата на патарините (М-таг и М-кард) и на првата патарина од Коридор 8, односно наплатната станица Глумово, автопат Скопје – Тетово, соопшти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој додаде дека ова се придобивките од иницијативата Отворен Балкан кои во делот на патарините за прв пат станаа достапни во јуни 2023 година со воведување на заедничкиот интегриран систем за електронската наплата на патарина меѓу Северна Македонија и Србија.

„Граѓаните, возачите можат да поминуваат низ македонските и српските патарини без да застануваат – рампите се креваат автоматски штом се доближи возилото, а наплатата оди електронски. М-Таг и М-Кард може да се набават на наплатните станици на ЈПДП“ наведе Бочварски.

Министерот исто така најави соработка и со Грција, со што во текот на следната година со таг од Северна Македонија ќе може непречено и без застанување да се поминува и низ патарините во Грција.

Слични содржини