192
„За автопатот Тетово-Призрен има идејни решенија. За нас како Влада, студиите за исплатливост треба да покажат позитивни проценки. Се додека не добиеме позитивни оценки од овие претфази на проектирање нема да започнеме со изработката на основен проект“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Тој посочи дека се прават сите анализи.
„Разговаравме и со министерот за транспорт и врски од Косово на ова прашање кое што е важно за двата региони за поврзување на граѓаните, рече Бочварски во одговор на новинарско прашање при денешниот увид во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово што се спроведува во рамки на проектот „Поврзување со локални патишта“, рече денес министерот од Тетово.