„Во текот на 2021. година се очекува да бидат завршени двата главни гасоводни крака, по што би се продолжило со нивно меѓусебно поврзување“, посочи Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во своето вечерашното гостување на Алсат тв.
Бочварски потенцира дека до наведените рокови се очекува завршување на гасоводните краци до Битола и до Гостивар и нивно поврзување кај Охрид, а во следните 5 години Бочварски е убеден дека гасот ќе стигне и во домовите.
„Во 2021 очекуваме да се завршат овие два крака, до Битола и до Гостивар, но работиме и на продолжување на кракот од Гостивар кон Кичево и двата крака да се спојат на југ, кај Охрид со што ќе имаме еден прстен. Тоа би било во наредните неколку години, но овие два крака би ги завршиле во текот на ’21 година…јас сум убеден дека во следните пет години граѓаните ќе добијат гас до своите домови“, посочи Бочварски.
Ресорниот министер, додаде дека проектот ќе се изведува по модел на јавно приватно партнерство.